Министерот за спорт на Италија: Ако нема договор, ќе ја прекинеме Серија А!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора предупреди дека Владата ќе го прекине шампионатот во Серија А, ако не се постигне договор за безбедносен протокол во врска со коронавирусот.

Протоколот кој го достави Фудбалскиот сојуз на Италија вклучува и изолација на играчите по враќање од тренинг, редовно земање брисови и тестирање на вирусот, анализа на крвта, останати прегледи и ограничен број лица на стадионот.

Меѓутоа, одборот од италијанската Влада смета дека тоа не е доволно.

„Ваква е ситуацијата – ако протоколот го договорат сите страни, тренинзите ќе продолжат и тоа ќе има позитивно влијание на продолжување на сезоната. Доколку не се случи тоа и не се постигне договор, Владата ќе донесе одлука поради вонредната ситуација во здравството да заврши сезоната“, кажа Спадафора.