Миовски: Да се постигне гол за националниот тим е најубаво чувство за секој фудбалер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Бојан Миовски постигна два гола против Гибралтар во триумфот од 4-0 на Македонија во четвртото коло од групната фаза во Лигата на нации.

Миовски конечно постигна гол за репрезентацијата, а по дуелот кажа дека е среќен за победата на Македонија.

„Натпреварот го почнавме добро и постигнавме гол во третата минута, а до 30 минута водевме со 4-0. Да се постигне гол за националниот тим е најубавото чувство кое може да го почуствува секој фудбалер. Среќен сум поради двата гола, но и победата на Македонија“, кажа Миовски.

ФОТО: ФФМ