Миовски избран во тимот на колото во Шкотска (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжи со одличните настапи за Абердин, па така постигна два гола против Рос Каунти (4-0).

Миовски блесна на теренот за Абердин, а освен двата гола, тој асистираше за уште еден гол на натпреварот, по што во 72. минута беше заменет.

Напаѓачот оваа сезона има четири гола во шкотското првенство, еден во Купот на Шкотска и два во Лига Европа, а добриот настап против Рос Каунти му помогна да биде избран во тимот на колото.