Миовски избран во тимот на колото во шкотската лига (Фото)


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Македонскиот напаѓач Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин и досега постигна 14 голови во шкотското првенство.

Миовски е трет стрелец зад Лоренс Шенкленд и Кјого Фурухаши, а поради двата гола против Мадервел (3-1) си заработи место во идеалниот тим.

Миовски се најде во тимот на колото, каде што друштво му прави и тимскиот колега Мети Полок.

Абердин е седми во шампионатот со 32 бода, а следниот натпревар го игра против Селтик.