Миовски: Ќе дадеме сѐ од себе, имаме шанси за пласман во бараж!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија ги игра последните два натпревари во квалификациите за Светското првенство (СП), а има теоретски шанси за пласман во баражот.

Напаѓачот на МТК, Бојан Миовски кажа дека не зависи сѐ од нас, но сепак ќе се борат со неговите сонародници до крајот за да се пласираат во баражот.

„Повредите се составен дел од фудбалот, но ние имаме квалитетни играчи и верувам дека ќе го покажат квалитетот со што ќе ја оправдаме довербата од селекторот. Ќе ја анализираме Ерменија, ќе видиме кои се нивните лоши страни и да ги искористиме да дојдеме до победа. Романија има шанси, има и Ерменија, но имаме и ние, ќе биде неизвесно ние ќе дадеме сѐ од себе да освоиме шест бода и да се пласираме во баражот“, изјави Миовски.