Миовски: Ми се оствари сонот за настап во Лигата на шампиони

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски настапи во Лигата на шампиони (ЛШ) против Феенорд, меѓутоа не успеа да постигне гол, иако имаше огромна шанса.

Миовски доби шанса од пенал да израмни на 2-2, откако претходно Жирона имаше негатива, меѓутоа Македонецот не го искористи ударот од белата точка.

„Дебито за мене е остварување на сонот за настап во Лигата на шампиони. Но секогаш не е така како што ќе посакаме. Ова ќе ме направи уште посилен и веќе сум фокусиран на следниот меч“, кажа Миовски.