Миовски: Мора да ја вратиме титулата во Ренџерс, сè освен прво место е неуспех!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не го крие разочарувањето по завршувањето на сезоната во која Ренџерс остана без шампионската титула, иако долго време беше во сериозна конкуренција за освојување на трофејот.

Шкотскиот гигант доживеа голем пад во финишот на првенството. Поразите на четири од последните пет натпревари го оттурнаа тимот од битката за врвот, па на крајот Ренџерс заврши на третото место на табелата, што претставува огромно разочарување за клубот и неговите навивачи.

Миовски истакна дека притисокот во Ренџерс е нешто сосема поинакво во однос на клубовите во кои настапувал претходно, бидејќи единствена прифатлива цел е освојување на трофеи.

„Секој клуб има свои амбиции и различно ниво на притисок. Ренџерс има огромна армија навивачи ширум светот и, ако се земе предвид богатата историја на клубот, очекувањата секогаш се највисоки. Досега не сум бил дел од тим во кој единствената цел секоја сезона е освојување на титулата.

Во Ренџерс се очекува да доминирате на секој натпревар. Кога сте дел од овој клуб, размислувате само за трофеи. Навивачите живеат за успехот на тимот и сакаат да ги освојуваме лигата и купот.

Притисокот е огромен и тука нема голема разлика дали ќе завршите втори, трети или седми. За навивачите е важно само првото место и тоа е сосема нормално за клуб со ваква традиција. Разочарувачки е што последната титула е освоена пред многу години, но токму тоа ни дава дополнителен мотив да го промениме тој факт“, изјави Миовски.