Миовски не игра против Барселона поради повреда на коленото


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Бојан Миовски, македонскиот напаѓач, имаше извонредни настапи со националниот дрес, бележејќи два гола во почетните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Меѓутоа, по овие успешни игри, ќе му биде потребна пауза во клубскиот фудбал.

Денес, Жирона ќе се соочи со Барселона на стадионот Монжуик во 16:15 часот. Тимот од Каталонија ќе биде значително ослабен, бидејќи неколку клучни играчи, меѓу кои и Миовски, нема да бидат дел од тимот.

Од клубот информираат дека македонскиот напаѓач има повреда на коленото. Сè уште не се познати детали дали повредата е сериозна и колку време ќе го оддалечи од терените.