Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бојан Миовски дебитираше во репрезентацијата на Македонија на мечот против Лихтенштајн (4-0) и се надева дека ќе добие шанса и во дуелот против Германија на 11 октомври.
Миовски се надева дека ќе ги оправда очекувањата од селекторот Благоја Милевски и ќе успее заедно со своите колеги да извлече позитивен резултат против германските фудбалери.
„Знаевме дека ќе биде полесно по првиот гол во мрежата на Лихтенштајн. Мислам дека имаме одлична екипа која е спој од младост и искусни фудбалери. Чест ми е што дебитирав за репрезентацијата. Не се плашиме од Германија затоа што нема што да загубиме. Тие се силна репрезентација, но знаат што може да очекуваат во Скопје“, вели Миовски.