Миовски: Сакам да освојам „Златна копачка“ во Шкотска!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна два гола во победата на Абердин од 4-1 против Килманрок и така стигна до седум погодоци во осум меча за шкотскиот тим.

Миовски продолжи да игра во одличен ритам и јасно ја постави својата цел, а тоа е освојување на „Златната копачка“ во Шкотска, каде што ќе има голема конкуренција затоа што Кијого Фурухаши има седум погодоци, а Антонио Чолак е прв на листата на стрелци со осум гола.

„Моја цел е да бидам најдобар стрелец во Шкотска. Кога давам голови, тоа ме мотивира сè повеќе. Знаев дека ќе дадам многу голови во дресот на Абердин затоа што ми се доплаѓа стилот на игра на тимот. Имам одлична соработка со моите колеги и уживам во односот со навивачите, кои ме поддржуваат и ме мотивираат да бидам уште подобар“, вели Миовски.