Миовски се повреди – не се знае колку време ќе паузира!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бојан Миовски го загрижи Ренџерс по натпреварот со Ференцварош во Будимпешта, откако беше принудно заменет по тежок удар во второто полувреме. Македонскиот напаѓач го донесе водството на шкотскиот тим со прекрасен гол, но мечот го заврши предвреме поради повредата.

Менаџерот Дени Рел по сведувањето на дуелот откри дека клубот ќе мора внимателно да ја процени ситуацијата со Миовски, бидејќи постои сомнеж дека проблемот може да биде посериозен од првичното впечаток.

„Бојан доби сериозен удар и можно е повредата да е покомплексна. Се надевам дека нема да е така, но мораме детално да ја разгледаме. Не очекува важен период и ни се потребни сите играчи во добра форма“, истакна Рел.