Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски наскоро ќе добие нов предизвик во кариерата, а за неговите услуги е заинтересиран Лацио.
„Калчомеркато“ објави дека спортскиот директор на Лацио добил задача да најде евтин, а квалитетен напаѓач, па изборот паднал врз Миовски.
Овој 23-годишен фудбалер игра одлично во екипата на Абердин и постигна 11 голови на 20 натпревари, па така го привлече вниманието на европските клубови.
Лацио за услугите на Миовски би требал да плати околу 2,5 милиони евра.