Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично за Абердин и веќе постигна 15 голови на 27 настапи во шкотското првенство.
„Дејли Ехо“ објави дека третиот стрелец во шкотскиот шампионат наскоро ќе го напушти Абердин и ќе го засили премиерлигашот Саутемптон.
Скаути од Саутемптон биле испратени да ги следат настапите на Миовски и биле задоволни од неговата игра.
Интерес за Миовски постои и од француски Рен и италијански Лацио, но конечната одлука за неговата иднина ќе биде донесена дури идното лето.
Саутемптон во моментов се бори за опстанок во Премиерлигата и има 18 бодови, односно четири помалку од Лидс.