До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ренџерс славеше убедлива победа од 6-3 против Фалкирк во 33. коло од шкотскиот шампионат, а во центарот на вниманието беше македонскиот напаѓач Бојан Миовски со два погодоци.
Домашните отворија одлично и преку Броџио и Јеитс поведоа со 2-0 до средината на првото полувреме. Ренџерс сепак се врати пред паузата, кога Чуквуани намали на 1-2.
Во вториот дел Миовски доби шанса од клупата и веднаш остави силен впечаток. „Сините“ за кратко време направија целосен пресврт со головите на Шермити, Раскин и токму македонскиот репрезентативец.
Фалкирк преку Милер од пенал повторно се доближи, но Ренџерс брзо ја врати контролата – Шермити зголеми на 5-3, а Миовски со својот втор погодок го постави конечниот резултат и ја завери победата.
🚨🏴| GOAL: BOJAM MIOVSKI MAKES IT FOUR FOR RANGERS!!!
— Futball Centa (@futballcenta) April 12, 2026
Falkirk 2-4 Rangers pic.twitter.com/awb8cFkHcm
🚨🏴| GOAL: BOJAN MIOVSKI WITH A BRACE MAKES IT SIX FOR RANGERS!!!
— Futball Centa (@futballcenta) April 12, 2026
Falkirk 3-6 Rangers pic.twitter.com/SavgU5LAaq
















