Миовски со два гола и асистенција го „потопи“ Шахтјор Доњецк!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше одличен на подготвителниот натпревар во Анталија меѓу МТК и Шахтјор Доњецк (3-0), откако постигна два гола и запиша една асистенција за неговата екипа.

Напаѓачот на МТК постигна гол по само 11 минути игра, а потоа му асистираше на својот колега во 24. минута за тимот да поведе со 2-0, а конечните 3-0 ги постави Миовски на 10 минути пред крајот на средбата.

Миовски имаше добар настап и на првиот пријателски меч во Анталија, кога МТК славеше со убедливи 5-1 против Борец.