Миовски со два гола му донесе победа на Абердин (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна два гола за Абердин во победата против Ливингстон (2-1).

Гостите поведоа во 28. минута, но потоа Миовски блесна и најпрво во 42. минута израмни на 1-1, а потоа во второто полувреме стрелаше за 2-1.

Миовски со ова стигна до 14 голови во шкотската лига и им се препорача на најголемите гиганти.