Миовски: Убаво ми е во Абердин, не брзам да си заминам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кажа дека е среќен во Абердин, иако е свесен за интересот на големиот број тимови.

Миовски игра одлично во дресот на Абердин и со неговите настапи привлече интерес од тимови како Селтик, Ренџерс и други.

„Имам уште две ипол години од договорот со Абердин. Одлично ми е во тимот не брзам да си заминам. Знам дека се пишуваат многу работи за мене, но тоа е нормално кога играш добро и има интерес од екипи. Среќен сум во Абердин, постигнав 33 голови за тимот и се надевам дека управата е задоволна со мене“, кажа Миовски за „Дејли Рекорд“.