Миралем Пјаниќ искрен: Ја сакам играта на Сари, но сепак…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Миралем Пјаниќ изјави дека го сака начинот на кој Маурицио Сари го предводи Јувентус, но сепак инсистира дека треба да биде повеќе фокусиран на нападот.

Сари не криеше што посакува од Пјаниќ, охрабрувајќи го да има 150 пати контакт со топката за време на еден натпревар.

„Пробувам да го направам тоа што го посакува Сари од мене – да најдам простор и да се осигурам дека сум достапен за да примам топка“, рече везниот на Јувентус во изјавата за Тутоспорт.

„Ми се допаѓа неговата визија и играњето со само еден или два допири на топката. Мораме да направиме топката да се движи побрзо од нас. Имам многу важна улога и се чуствувам многу добро во овој состав и покрај тоа што во последно време не ги „убиваме“ ривалите и не постигнуваме доволно погодоци во однос на шансите кои си ги овозможуваме“, додаде Пјаниќ.

Инаку, Јувентус само еднаш во оваа сезона во Серијата А славеше со повеќе од еден гол разлика, а против Џенова славеше со голот на Роналдо од пенал дури во 94. минута.

„Мораме да бидеме безобзирни, повеќе напаѓачки настроени, за да дојдеме до тој степен каде нашите противници ќе имаат повеќе почит спрема нас“, заклучи Пјаниќ, кој поради повреда нема да игра во недела во Торино.