Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот напаѓач Мартин Мирчевски продолжи да игра во одлична форма во редовите на Бача Топола, па во триумфот од 3-0 против Вождовац постигна еден гол.
Ова е петти гол за Мирчевски на последните четири натпревари, па ѝ помогна на екипата да стигне до втората позиција во српската Суперлига.
Мирчевски има 25 години, а ја засили екипата на Бачка Топола во јануари годинава од Академија Пандев.
Бачка Топола има 32 бода, колку и Црвена Звезда, но сепак екипата на Мирчевски има одиграно три натпревари повеќе од актуелниот шампион.