Мирчевски спречи трагедија на пат во Србија (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот најдобар стрелец во Првата македонска лига, Мартин Мирчевски е еден од хероите кои спречија трагедија на магистрален пат во Србија.

Напаѓачот на српскиот тим ТСЦ од Бачка Топола беше еден од петмината кои на магистралниот пат Суботица – Бачка Топола спречија поголема трагедија.

Фудбалерите на ТСЦ налетаа на верижен судир, по што Мирчевски и колегите излегоа од автомобилот и им сигнализираа на останатите возачи да запрат.

Во судирот биле повредени 11 лица, а за среќа нема загинати, додека Мирчевски и колегите беа прогласени за херои.