Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Манчестер јунајтед освои само три бода од првите три кола во Премиерлигата, а во последното коло загуби од Тотенхем со 1-6 и влезе во голема криза.
Тренерот Оле Гунар Солскјер нема среќа на стартот на сезоната, па во само три меча неговито тим прими 11 голови, што е недозволиво.
Како што пишуваат британските медиуми, Солскјер ќе замине доколку не поправи нешто, а тоа ќе биде многу тешко затоа што Јунајтед во следните месеци игра со ПСЖ, Челси, Арсенал, Лајпциг и Евертон.
„Мирор“ пишува дека Маурицио Покетино е фаворит да го наследи Солскјер на „жешкото“ столче во Манчестер, па сега Норвежанецот има неколку меча за да поправи нешто.