„Мирор“ најави „бомба“: Мбапе доаѓа во Англија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе не сака да потпише нов договор со ПСЖ, додека клубот му бара нова дестинација за да заработи пари од трансфер.

„Мирор“ објави дека се очекува трансфер бомба во следните денови, откако Ливерпул наводно почнал преговори со ПСЖ за да го ангажира Мбапе на позајмица.

Ливерпул ќе плати околу 30 милиони евра за позајмица на голгетерот, а покрај тоа ПСЖ би заштедил 30 милиони евра од бонусот за лојалност, но и платата од 60 милиони евра годишно.

„Светците“ се подготвени да прифатат ваква понуда, но не е познат конечниот став на Мбапе, односно дали сака да заигра во Англија, откако претходно имаше богата понуда од Саудиска Арабија, но не ја прифати.