„Мирор“: Роналдо се враќа во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид, наводно, е заинтересиран за услугите на 37-годишниот Кристијано Роналдо, кој им донесе многу успеси во минатото.

Како една од причините да заврши во Реал се споменува доаѓањето на Ерик Тен Хаг во Јунајтед, а „Мирор“ пишува дека тоа би можело да влијае на неговата минутажа.

Реал со сите сили сака да го добие и Килијан Мбапе, но тоа сè уште не е готово бидејќи ПСЖ се обидува да го задржи најдобриот млад фудбалер во светот.

Роналдо е полесна опција за „кралевите“ затоа што има договор со Јунајтед до 2023 година, но не се очекува да остане подолго во премиерлигашот.