Мисијата на Солскјер успеа, наскоро паѓа важен потпис на „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани е блиску да потпише нов договор со Манчестер јунајтед и тоа на уште една година, а информацијата прв ја објави „Би-Би-Си“.

Кавани во Манчестер стигна во октомври по седум години минати во ПСЖ и потпиша договор на една сезона, со можност истиот да биде продолжен на уште 12 месеци.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер инсистираше да остане Кавани и според најновите информации напаѓачот е блиску да потпише нов договор на уште една година, а засега не се откриваат финансиските детали од соработката.

Аргентинска Бока јуниорс го сакаше Кавани, но сепак Солскјер ја добил големата битка и го убедил Уругваецот да остане во Манчестер барем уште една сезона.