Мислеа дека Родриго воопшто нема да игра, но Алонсо најде уште полош начин да му покаже кој е газда (Видео)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа ја победија Борусија Дортмунд (3:2) и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство. Но, не сите во кралскиот клуб беа за славење бидејќи Чаби Алонсо на големата ѕвезда јасно му стави до знаење дека може да бара нов клуб.

Меѓутоа, покрај драмата во судиското продолжение, уште еден момент беше особено интересен.

Станува збор за петтата замена што ја направи Чаби Алонсо во 86. минута, бидејќи многумина сметаат дека на тој начин му даде до знаење на Родриго дека тој е газда во екипата и ако се буни поради минутажата, тогаш може да си бара нов клуб.

Веќе со денови се шпекулира дека Алонсо и Родриго имале расправија бидејќи Бразилецот е незадоволен од статусот во екипата и се наведува дека не е невозможно да го напушти Реал Мадрид ова лето.

Но, тоа шпанскиот тренер не го поколеба премногу и одлучи синоќа да му покаже на Родриго дека тој е газда во екипата.

Алонсо веќе кон крајот на првото полувреме го прати Родриго на загревање, а тој беше таму речиси цело второ полувреме.

Тек откако направи четири замени и кога се очекуваше дека Родриго воопшто нема да влезе на терен, Алонсо го прати повторно кратко да се загрее и го уведе на терен само во 86. минута од натпреварот.

Фото: Принтскрин

.