„Мит е дека Арсенал играат игра од нога до нога“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиер лигата веќе во првото коло има големо дерби, а тренерот на Ливерпул Јирген Клоп во пресрет на неделното дерби со Арсенал на Емирати ја подгреа атмосферата.

„Арсенал има добри играчи, но не ги користи баш сите во офанзива. Мит е дека Арсенал има убав фудбал од нога до нога. Против нас в оминатата сезона играа нешто сосема друго“, рече германскиот стручнак па продолжи:

„Имаше тогаш само долги топки на Жиру. Кога тоа не поминува тогаш со топка се бара Озил. Прилично едноставно, но и навистина опасно. Ни создаваа многу проблеми. Меѓутоа, не е работата во тоа што работат веќе како тоа го работат. Го работат тоа навистина одлично. Жиру и Озил се феноменални играчи“, порача Клоп.