Митевска освои трофеј на турнирот во Нови Сад


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


На меѓународниот турнир „Јејсон Куп 2025“ во Нови Сад, кој е организиран за тенисерки до 16 години (категорија 2), младата и талентирана македонска тенисерка Сара Митевска имаше извонредна недела.

Нејзиниот настап беше забележителен, откако успеа да стигне до финалето во сингл категоријата, а го освои и трофејот во двојки со партнерката Нина Тепиќ од Србија.

Во натпреварот на двојки, Митевска и Тепиќ, како втори носителки, демонстрираа одлична координација и вештина. Во финалниот натпревар ги победија Мина Марковиќ од Србија и Гала Тешиќ од Швајцарија со 2-0 во сетови (7-5, 6-3), со што се закитија со титулата.

Фото: МТФТ