Митрашиновиќ доби нов предизвик – се сели во Словачка!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Капитенката на македонските кошаркарки, Анџелика Митрашиновиќ ја продолжува кариерата во Пиештанске Чајки од Словачка.

Македонската репрезентативка кажа дека е задоволна што добива нов предизвик.

„Слушнав само добри работи за Пиештански Чајки и затоа решив да дојдам тука. Се надевам дека ќе успееме да ја освоиме титулата и повторно да бидеме најдобри во Купот на Словачка“, кажа македонската кошаркарка.