Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската репрезентација направи тестови пред почетокот на ракометното Европско првенство (ЕП) и на нив сите беа негативни.
Ова е одлична вест затоа што првиот голман на репрезентацијата, Никола Митревски е негативен на коронавирусот, иако на претходното тестирање пред патување доби позитивен тест.
Македонскиот репрезентативец направил три-четири брзи антиген тестови и еден ПЦР-тест, кои биле негативни, па сега се очекува реакција од ЕХФ и излегување на голманот од задолжителен карантин, кој почна на 10 јануари.
Митревски нема да настапи на натпреварот против Словенија, но се чека дозвола од ЕХФ за да може да тргне кон Дебрецен и да биде во конкуренција за натпреварот против Црна Гора.