Митревски избран за најдобар голман во СЕХА-лигата за октомври (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот голман Никола Митревски беше избран за најдобар чувар на мрежата за месец октомври во регионалната СЕХА-лига.

Митревски имаше одлични настап сезонава, па веќе доби и награда во Лигата на шампиони, кадешто ја имаше најдобрата одбрана во третото коло, а сега такво нешто доби и во СЕХА-лигата.

Македонецот во октомври имаше дури 48 одбрани за неговата екипа, а тоа е повеќе од сите останати голмани, па токму тоа СЕХА-лигата реши да му го додели признанието.