Митревски ја „спушти ролетната“, Порто победи уште еднаш!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот голман Никoла Митревски брани неверојатно во португалскиот шампионат. Тој имаше неверојатни први 30 минути, кога запиша 11 одбрани против Мадеира.

Порто продолжи со доминацијата во шампионатот, откако славеше со 29-22 и така сега има шест од шест победи, колку што имаат и Спортинг и Бенфика.

Митревски уште еднаш го покажа квалитетот, па нема сомнеж дека е од голема помош за португалскиот гигант.

Треба да потсетиме дека Порто е во групата со Вардар во Лигата на шампиони, па сигурно „црвено-црните“ ќе имаат пеколна задача против македонскиот голман.