Митровиќ: Што е со Бразилците? Да не имаат крилја да летаат?


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Србија ќе настапи на Мундијалот во Катар, а првиот меч го игра против Бразил на 24 ноември. Нашиот северен сосед претходно се загреа со дуелот против Бахреин и победата од 5-1.

Александар Митровиќ е повреден, но смета дека ќе се врати на теренот за дуелот против Бразил на почетокот на Светското првенство (СП).

„Ако не бев подготвен, немаше да добијам повик. Мислам дека од понеделник сè ќе биде во ред. Знаете ли колку ми е гајле како размислуваат Бразилците, искрено? Како и секогаш, фокусот е на нас. Што би рекле другите – да не имаат крилја и да не летаат? Не зборуваме за нив, туку мислиме на себе“, кажа Митровиќ.

Во групата, освен Србија и Бразил, се наоѓаат и Швајцарија и Камерун.