Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот голгетер Александар Митровиќ си договори трансфер во Саудиска Арабија, но премиерлигашот Фулам не сака да го продаде во летниот преоден рок.
Митровиќ инсистира на трансфер, но клубот не попушта, па затоа Србинот реши да направи потег кој нема да им се допадне на лондончани.
Србинот е фрустриран поради тоа што Фулам бара 52 милиони фунти за неговиот трансфер и затоа одбил да тренира со екипата.
„Ситуацијата е комплицирана. Митровиќ нема да игра на следниот натпревар. некогаш играчите носат индивидуални одлуки кои мора да имаат сериозни последици. Разговарав со Митровиќ и му го кажав моето мислење“, кажа Силва.