Митровски: Наша цел е да го освоиме првото место во групата!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација в сабота игра против Фарски Острови на почетокот на новото издание на Лигата на нации.

Димитар Митровски ги кажа своите очекувања за Лигата на нации и посочи дека нивна главна цел е да го освојат првото место во групата.

„Целта за нас е да го освоиме првото место во групата. Влегуваме како фаворити против Фарски Острови, но секој натпревар е тежок. Треба да се прилагодиме и на временските услови и теренот, но треба да бидеме позитивни и да го дадеме најдоброто за националниот тим“, кажа Митровски.