Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија Ѓорче Петров и Шкендија одиграа спектакуларен натпревар кој заврши во корист на тетовската екипа (4-3), но во финишот беше забележана една чудна ситуација.
Арменд Алими тргна во контра-напад во последните минути и претрча речиси 50 метри, по што постигна гол за победа на Шкендија, но претходно на теренот можеа да се забележат и други топки.
Според многумина судијата требало да го прекине мечот и да ги казни домаќините, но тоа не се случи, па затоа предизвика револт кај навивачите на социјалните мрежи.