Млад фудбалер „удри“ по Мурињо: Бев фрустриран од начинот на кој Мурињо се однесуваше кон мене..


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Младиот, сега веќе поранешен фудбалер на Манчестер Јунајте, Џошуа Бохуи реши да проговори во јавноста за тоа како Мурињо се однесувал кон него во клубот.

20 годишниот Бохуи ова лето реализираше трансфер во НАЦ Бреда, а беше член на „ѓаволите“ додека Мурињо беше на клупата на клубот.

„Беше тешко зошто бев соочен, нема да кажам со злоставување, туку со некој некоректен третман на тренерот во тоа време. Станав фрустриран поради начинот на кој се однесуваше кон мене. Некои зборови кои ги користеше, чувствував дека беа непотребни и тоа беше нешто што неколку пати го повторив во клубот. Ја одбив понудата од Јунајтед зошто не верував дека ќе влезам во тимот со начинот на кој се постапуваше кон мене. Не водеа премногу сметка за мене“ –изјави Бохуи.