Млад хокеар почина откако беше погоден со пак во глава! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот руски хокеар Тимур Фајзутдинов, кој имаше само 19 години, почина во болница само три дена откако заработи повреда на главата на еден натпревар.

Капитенот на младата екипа на Динамо од Санкт Петербург беше повреден во мечот против Локомотива.

Во обид да стигне до ривалот беше погоден со пак во глава, по што падна на мразот, а набрзо загуби свест и беше пренесен во болница.

Докторите дури три дена се бореле за неговиот живот, но за жал не успеале да го спасат.