Млад напаѓач од Бундеслигата ќе го замени Жиру во Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Оливие Жиру ќе си замине од Милан на крајот на сезоната и ќе се пресели во МЛС-лигата, а негова замена треба да биде Бенџамин Шешко од Лајпциг.

Милан покажал сериозен интерес за Шешко, а „Газета дело Спорт“ пишува дека калчолигашот ќе направи сè што е во негова моќ за да потпише договор со него.

„Росонерите“ имаат и неколку резервни опции, а тоа се Џошуа Зиркзе од Болоња, како и Серху Гираси од Штутгарт.