Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓
Барселона вечерва на Монжуик го игра натпреварот од предпоследното коло на шпанската Ла Лига против Виљареал, а шпанските медиуми пишуваат дека еден од играчите на каталонскиот клуб ќе се прости од навивачите, бидејќи дефинитивно одлучил летово да го промени тимот.
Шпанските медиуми известуваат дека во центарот на вниманието се најде особено Ансу Фати, кој не беше премногу расположен за време на прославата поради фактот што оваа сезона немаше многу можност да игра, а очигледно затоа што решил денес да се прости од навивачите на Барса.
Денешниот натпревар против Виљареал ќе биде последен оваа сезона што Барселона ќе го одигра пред нивните навивачи, и се наведува дека Фати веќе донел одлука летово да го промени клубот.
Се очекува Фати да игра од првата минута, но натпреварот на Монжуик за него е проштален од навивачите на клубот каде што израснал, бидејќи и дефинитивно одлучил дека е најдобро да ги спакува куферите и да замине.
Фото: Грок АИ