Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација славеше со 38-24 против Луксембург во првото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП).
Македонија тргна фуриозно во првото полувреме, а доминацијата почна по предност од 6-4, кога македонските ракометари врзаа дури 10 гола по ред и избегаа на 16-4.
Луксембург повеќе не можеше да се врати во игра, па само намали на 9-19, по што Македонија повторно ја презема контролата, иако селектороте Кире Лазаров направи голем број промени, па ракометарите заслужено стигнаа до триумф.
Најдобри во составот на Македонија беа Мартин Серафимов, Цветан Кузманоски и Филип Кузмановски со по пет гола.
Македонија следниот натпревар го игра против Турција на гости в недела од 16 часот.