Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во текот на ноќта беше одржана лотарија за НБА-драфтот, а најмногу среќа имаше Детроит пистонс. Иако има беа дадени најголеми шанси да завршат со втор пик, сепак тие ќе бираат први, и тоа по третпат во историјата.
Хјустон заврши зад Детроит, а на првите пет позиции по ред завршија Кливленд, Торонто и Орландо. Тимот од Флорида и покрај правата да бира петти, од Чикаго наследи право да бира и осми, додека меѓу првите 14 ќе бира двапати и Голден Стејт.
Претходни два пати кога Детроит бираше прв беше во 1967 година, кога го земаа Џими Викер, а бираа и три години подоцна.
Сега ќе може да го земат Кејд Канингем, кој е еден од најголемите таленти во американската кошарка во последните неколку години.