„Многу тимови пропуштаат шанса да го ангажираат Шумахер“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директорот на Мерцедес, Тото Волф смета дека екипите од Формула 1 пропуштаат шанса да го ангажираат Мик Шумахер.

Синот на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер сè уште е без ангажман како прв или втор возач и во моментов е резервен возач на Мерцедес.

Шумахер на крајот на минатата сезона доби големи критики од директорот на Хас, Гинтер Штајнер, кој го обвини возачот за неколку инциденти.

„Мислам дека екипите треба сериозно да размислат за Мик. Сите сакаат искусни и добри возачи, а Шумахер е еден од нив. Мислам дека многу екипи пропуштаат шанса да го ангажираат“, вели Волф.