До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ има доволно пари по долгата и успешна кариера. Сега е директор во Милан и за него одредени работи не се проблем. Сепак, не ги користи на тој начин и не “се капе” во луксуз. Како еден од примерите го спомена тоа што неговата невенчана сопруга Хелена Сегер и нивните деца Максимилијан и Винсент не летаат со приватни авиони.
“Истото е и со мојата жена. Кога јас одам со авион, можам да земам приватен, за да не ми пречат луѓето, тоа е друга работа, не е заради парите. Кога таа оди, лета со обични летови, има и евтини компании. Оди со децата и така. И таа вели дека децата мора да го видат светот реално. Тоа нам ни беше важно“, објасни Ибрахимовиќ во емисијата “(Не)успех на шампионите” со Славен Билиќ.
Нагласи дека му парите не се на прво место и дека сака на своите синови да им покаже и друга страна.
“Многу се благодарни, не бараат повеќе отколку што имаат. Затоа давам пример, ако можам јас кој дојдов од ништо до ова, можат и тие. Тие сега имаат 200 проценти повеќе отколку што јас имав. Јас сум доказ дека сето тоа е можно”, јасен е Ибрахимовиќ.
















