Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Фудбалерите на Евертон вчера беа поразени од Челси во Лондон со резултат 2:0 во 16. коло на Премиер лигата.
Овој исход беше очекуван, а на конференцијата за медиуми после натпреварот, менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, кој како и секогаш беше директен и јасен, го објасни според неговото мислење суштинската разлика меѓу овие два тима во овој момент.
“Разликата е милијарда фунти“, рече Мојс со насмевка.
Инаку, вредноста на тимот на Евертон според Трансфермаркт е 400 милиони евра. Тимот на Челси според истиот извор вреди 1,18 милијарди евра.
Со оваа победа, Челси се проби на четвртото место на табелата, а Евертон и покрај поразот не е далеку и има четири бода помалку од “сините”.
















