Моќен клуб од Абу Даби сака да ѝ се приклучи на АБА-лигата


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Од оваа сезона во АБА лигата првпат учествува Дубаи, а како стојат работите, тоа е само почеток. Веќе од наредната година на Јадранот би можеле да имаме уште еден новоформиран клуб од Емиратите, а како што пренесува „Меридијан Спорт“, за таква можност се заинтересирани луѓето од Абу Даби.

Градот во кој оваа сезона ќе се игра фајнал-форот на Евролигата има големи амбиции и планира да создаде сериозен тим, исто како и Дубаи, па најверојатно би почнале од АБА 2 лигата, се разбира, чекајќи согласност од сите учесници од регионот.

Абу Даби има огромна сала во која летово се играа и натпревари со НБА клубови – ги гледавме Денвер и Бостон на паркетот – додека идејата е во овој град да се создаде клуб кој ќе ја подигне европската кошарка на ново ниво.

.