Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Лука Модриќ јасно кажа и призна дека направил чекор назад заменувајќи го дресот на Реал Мадрид со дресот на Милан, сепак хрватот смета дека направил вистинска одлука доаѓајќи во овој тим.
Модриќ играше навистина феноменално во дресот на Реал Мадрид, но еднаш и таа приказна мораше да заврши, а тоа беше на крајот од изминатата сезона.
Модриќ се одлучи да го прифати повикот на Милан и да ја продолжи кариерата во овој тим, а англискиот GOAL пренесе дел од неговиот разговор во емисијата (Не)успех на шампионите на Славен Билиќ, во кој зборуваше за многу работи, и меѓу другото откри и зошто ја прифатил понудата на тимот за кој моментално игра.
Веќе Модриќ постигна еден гол, и две асистенции во дресот на Милан и има клучна улога во тимот кој од клупата го води Алегри.
“Секогаш сум го зборувал тоа, по Реал, каде и да отидеш тоа е чекор назад. Тоа нема сомнение и сите играчи можат да го потврдат тоа.
Мислам дека дојдов во клуб кој по историја и углед е многу блиску до Реал Мадрид, а за мене тоа е идеална ситуација која можеше да се случи.
Го сакам Милан, како дете растев со италијанскиот фудбал. Милан беше клубот што најмногу го сакав.
Кога се укажа можноста да дојдам во Милан тоа беше вистинско за мене”, рече Модриќ.
















