Модриќ конечно проговори: Легендарниот играч откри зошто го одбил Динамо


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Лука Модриќ го одби Звонимир Бобан и се одлучи за Милан. Познатиот играч од средината конечно проговори за причините поради кои го направи таквиот избор и што всушност пресуди.

Модриќ имаше понуда од Динамо да се врати во Хрватска, но студено му се заблагодари на Бобан, што го шокираше новиот челник на загрепскиот клуб.

Хрватските медиуми неодамна пишуваа дека Бобан му испратил порака на Модриќ дека вратите на Динамо му се отворени, но дека капитенот на Ватрените не покажал интерес за враќање.

Откако потпиша за Милан, освојувачот на Златната топка конечно проговори и ги наведе причините зошто ги избра Розонерите пред другите клубови, вклучувајќи го и Динамо.

“Сакав да останам во Европа за да продолжам да играм конкурентен фудбал. Имав и други понуди, но кога Милан ме повика, сè ми беше јасно. Сакав тоа од првиот момент.”

“Импресиониран бев и од фактот дека спортскиот директор Таре дојде во Хрватска за да ми го претстави проектот и целиот Милан.”

Фото: Grok AI