Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Лука Модриќ затвори едно поглавје од кариерата во Реал Мадрид, кој го напушта како икона на клубот со најмногу (28) трофеи во неговата историја. Кариерата ќе ја продолжи во Милано, а пред заминување јасно даде на знаење кој според него треба да ја преземе улогата што ја извршуваше со години во тимот.
Пораката ја примија и претседателот на клубот Флорентино Перез и новиот тренер Хаби Алонсо, кои, според Defensa Central, сериозно ја сфатија препораката од хрватската легенда.
Реал Мадрид остана без финале на Светскиот клупски шампионат по поразот од ПСЖ, а тој натпревар беше и последен што Модриќ го одигра во дресот на Реал. Како и минатото лето со заминувањето на Тони Крос, и прощалната сезона на Модриќ остава голема празнина на средината од теренот.
Тие двајца беа икони на светскиот фудбал и тешко е да се најдат нивни наследници. Но Модриќ при збогувањето јасно посочи кој треба да ја преземе неговата улога, наведува шпанскиот портал кој следи случувања во Реал.
“Тој момче е генијалец, со малку среќа ќе стане легенда на овој клуб”, порача Модриќ во пораката до управата на клубот пред заминување во Милано, а изворот наведува дека таа изјава многу одекнала во клубот.
Фото: Принтскрин