Модриќ го покажа незадоволството поради ситуацијата во Реал Мадрид


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ не е задоволен од третманот кон него во Реал Мадрид. Фудбалерот кој веќе седум години го носи дресот на „кралевите“ не е среќен поради тоа што добива мала минутажа во клубот, а посебно го нервира тоа што не е стартер во големите натпревари.

Модриќ прво го пропушти дуелот против ПСЖ поради повреда, а кога се врати на теренот, Зинедин Зидан го остави на клупата во дерби средбите против Атлетико Мадрид и Барселона.

„Виновник“ за тоа е младиот Валверде, кој игра одлично и очигледно позицијата на Модриќ во клубот не е сигурна. „Марка“ пишува дека не е невозможна опцијата Хрватот да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ уште во јануари.

Преговори за нов договор уште нема, а сигурно Реал сака да ја избегне опцијата да го пушти Модриќ да замине како слободен фудбалер.