Модриќ го прекршил полицискиот час: Лука со синот играше фудбал, а потоа налета патрола!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ можеше да добие казна затоа што бил на улица во текот на полицискиот час, но на крајот успеал да се извлече со предупредување.

Модриќ и неговиот син играле со топка во дворот на куќата во Мадрид, а во еден момент по силен удар топката летнала преку оградата и тоа директно на улица. Баш во момент кога излегол да ја земе, се појавило патролно возило на полицијата, која го предупредила, но не го казнила.

Модриќ ова му го раскажал на соиграчот Марсело, кој потоа го пренел на медиумите во Шпанија, како и Винисиус Жуниор на Инстаграм.

„Ми се јавува Лука еден ден, цел во паника… Ако направите уште еден чекор, ќе морам парично да ве казнам“, раскажува Марсело, а другиот Бразилец „прсна“ од смеење.